Владата обезбедува евтина струја од 100% домашно производство за 70.000 компании

Сподели

 

„Им се обраќам на граѓаните и им кажувам. Во нашата земја има регистрирани нешто над 71.500 активни субјекти. 70.000 субјекти од нив се на регулираниот пазар за електрична енергија, тоа значи дека државата им ја гарантира цената и снабдувањето со електрична енергија која тие ја користат, односно се обезбедени со струја по гарантирана цена, изјави Вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи. 

На слободен пазар се само останатите близу 1.600 субјекти или компании, а се на слободниот пазар бидејќи ги исполнуваат условите, односно имаат годишен промет од 2 милиони евра. 

Овие компании се на слободен пазар и да се на удар, но останатите 70.000 не се. Секако, не сакам да занемарам, секоја една компанија секој еден граѓанин за Владата е битен.

Но од друга страна треба да ја гледаме економската структура. Се знае дека 97,8 отсто од вработените доаѓаат токму од микро и малите претпријатија, односно овие 70.000 кои се на регулираниот пазар. Околу 3,2 отсто се од големите компании и средните компании кои се на слободниот пазар.

Овие 3 отсто од компаниите креираат навистина голем придонес во економијата и ние тоа сосема го разбираме. Затоа велиме ќе се направат сите напори за да нив им се излезе во пресрет.“