Вести Македонија Ударни вести

Со ноќен радар за 5 часа санкционирани 201 возачи за брзо возење

Сподели:

 

Во текот на изминатата вечер, во периодот од 21.00 до 02.00 часот Министерството за внатрешни работи со посебно опремен радар за снимање во ноќни услови, спроведе засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 201 возач.

Од нив, седум возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а две возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозолената брзина. При тоа 130 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 71 надвор од населено место.

МВР апелира сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.

Сподели: