Собранието ги изгласа антикризните мерки: Поевтинуваат цените на основните производи и горивата

Сподели

 

Собранието со 95 гласа „за“ и без ниту еден “против“ и „воздржан“ го донесе Предлот на закон за изменување и дополнување на Законот за данокот на додадена вредност, а со 96 гласа „за“ и исто така без ниту еден “против“ и „воздржан“ и Предлогот на закон за дополнување на Законот за акцизите, и двата по скратена постапка.

Со изгласаните измени основните прехранбени продукти, леб, брашно, млеко, месо, зејтин, шеќер, ориз и јајца за кои досега имаше ДДВ од пет проценти, сега ќе се продаваат без ДДВ. Се намалува ДДВ-то од 18% на 10% при промет на енергенси, се укинува плаќање ДДВ при увоз на енергенси и се намалува акцизата на горивата согласно берзанските цени.