Собранието се распушти – предвремени избори на 12. април

Сподели

 

Пратениците со 108 гласа „ЗА“, без гласови против или воздржани, изгласаа распуштање на Собранието, во пресрет на предвремените парламентарни избори закажани за 12 април.

Одлуката за самораспуштање беше поднесена од спикерот Талат Џафери, кој во своето обраќање рече дека по направената консултација на 10 февруари со Државната изборна комисија, денешниот ден е последен рок за распуштање на Парламентот.