Сојуз на средношколци: Учениците во МИГ немаат настава по осум стручни предмети

Сподели

 

Сојузот на средношколци апелира што побрзо да се реши проблемот во Математичко-информатичката гимназија (МИГ) бидејќи апсурдно е, учениците од оваа гимназија да имаат по само еден до два часа дневно.

„Со жалење ја констатираме состојбата во гимназијата која беше замислена како елитна образовна институција за учениците талентирани по математиката и информатика. Силно веруваме во тоа дека развојот на сите науки е екстремно важен, особено земајќи ја предвид круцијалната улога на средното образование во процесот“, реагираат од Сојузот на средношколци.

Сојузот бара надлежните да ја регулираат ситуацијата во оваа гимназија и да се држат на високите посакувани стандарди, не само бидејќи е уставно право на учениците, туку и за да докаже дека амбициите за развојот на сите науки се реални и остварливи.

Од средношколскиот сојуз додаваат дека се залагаат за отворање на две нови селективни гимназии – Јазична гимназија по примерот на Филолошките гимназии во Белград и Сараево и Хуманистичко-општествена гимназија по примерот на францускиот образовен систем.

Инаку, гимназијата се соочува со недостиг на професори бидејќи договорите на дело им истекоа на крајот на декември 2022 година, а нивното продолжувањето треба да го одобри Министерството за финансии.