Сончево и топло, наредната недела пад на температурите

Сподели

МАКЕДОНИЈА – Денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

Температурата ќе се движи од 0 до 29 степени.

Во Скопје сончево и топло со слаб до умерен северен ветер.

До почетокот на следната седмица ќе се задржи сончево и топло време. Од среда се очекува промена на временската состојба, проследена со зголемена облачност, врнежи од дожд, локална појава на грмежи, засилен ветер и опаѓање на температурата.