Денес времето ќе биде сончево и топло со мала облачност. Во попладневните часови во крајните северозападни делови ќе има услови за појава на локален дожд, грмежи и ретка појава на град. Ќе дува слаб до умерен, а во западните делови повремено засилен северен ветер.
Во Скопје сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Температурата ќе достигне до 37 степен.
Утре претпладне ќе биде сончево време со мала до умерена облачност. Во попладневните часови ќе има развој на нестабилна облачност, проследена со дожд, грмежи, засилен ветер и ќе има услови за појава на град. Ќе дува слаб до умерен, повремено засилен ветер од северен правец.


