Сончево со мала до умерена облачност

Сподели

 

МАКЕДОНИЈА – Сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од југоисточен правец. Во текот на ноќта почнувајќи од југоисточните делови, облачноста ќе се зголемува.

 

 

Во Скопје сончево со мала до умерена облачност и со слаб југоисточен ветер.

Утре ќе биде променливо облачно со локален слаб дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

Во среда променливо облачно со услови за локален слаб дожд. Ќе дува слаб ветер од северен правец.