Сопственикот на vaksajns.mk Бакиу, повикан на разговор во полициска станица

Сподели

 

Адил Бакиу од Скопје е сопственик на домејнот vaksajns.mk, кој беше регистриран во текот на вчерашниот ден, покажуваат податоците на Македонската академска истражувачка мрежа. Сите кои ќе ја отворат оваа интернет адреса се директно пренасочени кон веб-страницата за искажување интерес за вакцина против ковид-19 на Министерството за здравство vakcinacija.mk. 

Креаторот на vaksajns.mk, Адил Бакиу, се огласи на својот Фејсбук профил и информираше дека бил повикан во полициска станица на разговор.

„Краток апдејт: во 13:30 сум поканет во ПС Карпош на разговор околу доменот vaksajns.mk.

Од Министерството за здравство велат дека официјалната веб страница за пријавување www.vakcinacija.mk не е хакирана, ниту пак некој извршил упад во неа, туку дека паралелно е направена нова веб страница.

Од Министерството утрово го пријавиле случајот во Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика при Министерството за внатрешни работи.