Соработка на Државниот архив со USAID во процесот на дигитализација

Сподели

 

Се отвораат вратите за долгорочна соработка меѓу Државниот архив и американската фондација USAID, во врска со потребите за одржливо спроведувње на процесот на дигитализација на архивските документи и материјали во Државниот архив” – изјави директорот, д-р Емил Крстески по средбата со претставникот на USAID, Бенџамин Ален.
 
 
 
 
Во разговорите, на кои се расправаше за повеќе аспекти на идната сорботка, учествуваа и д-р Слаѓана Тасева, претседателка на Транспаренси Интернешенал и Емилија Роп, државен советник во Државниот архив.
На средбата стана збор и за појдовните основи врз кои се засновани компонентите на претстојната програма USAID/Македонија, која треба да се имплементира во наредните пет години, за активностите поврзани со дигитализацијата и воопшто за одржливото подобрување на состојбите во сферата на архивското работење и на административните процеси.