Спорт

Составот на домаќинот Франција за ЕУРО 2016

Сподели:

Дидие Дешамп, селекторот на фудбалската репрезентација на Франција, го објави списокот на играчи со кои ќе ја напаѓа титулата на Европското првенство 2016, на кое „триколорите“ се домаќини.

франција

Селекторот не го повика Хатем Бен Арфа, кој има неверојатна сезона во дресот на Ница, на 33 натпревари има постигнато 17 голови, со што се најде на радарот на неколку големи европски клубови.

Го нема ниту Бензема, кој е суспендиран од страна на Француската фудбалска федерација поради аферата со Валбуена, кој исто така го нема на спискот, но поради лошата сезона која ја имаше во дресот на Лион.

Дешамп на резервниот список ги остави Лаказет, Гамеиро, Шнајдерлин, Дебиши е повреден и нема да игра на ЕП, додека дефанзивецот на Ливерпул Сако ќе го пропушти првенството поради позитивен допинг тест.

Голмани: Љорис (Тотенхем), Манданда (Марсеј), Костил (Рен)

Одбрана: Варан (Реал), Кошчелни (Арсенал), Мангала (Манчестер Сити), Сања (Манчестер Сити), Матје (Барселона), Евра (Јувентус), Дињ (Рома), Жале (Лион)

Среден ред: Погба (Јувентус), Матуиди (ПСЖ), Дијара (Марсеј), Канте (Лестер), Кабај (Кристал Палас), Сисоко (Њукасл), Паје (Вест Хем)

Напад: Гризман (Атлетико Мадрид), Марсијал (Манчестер Јунајтед), Коман (Баерн Минхен), Жиру (Арсенал), Жињак (УАНЛ Тигрес, Мексико).

Франција на ЕП 2016 се наоѓа во А групата заедно со Швајцарија, Романија и Албанија.

франција1

The post Составот на домаќинот Франција за ЕУРО 2016 appeared first on Спорти.


Source: Sporty

Сподели: