Совет на Европа: Не постои основ за дискриминација врз Бугарите во Македонија

Сподели

 

Комитетот на министри на Советот на Европа на денешната седница ја усвои резолуцијата за национални малцинства во Република Северна Македонија, со која се утврдува дека не постои основ за тврдењата на Бугарија за постоење на системска дискриминација врз малцинствата во земјава.

Одбивајќи ги сите амандмани на Бугарија, со тоа, Комитетот на министри во целост ја прифати аргументацијата и ставовите на македонското Министерство за надворешни работи, што во дипломатскиот речник се смета за голема извојувана победа на македонската дипломатија.