Совет на јавни обвинители: Нема политички притисоци врз работата на обвинителката Ленче Ристоска

Сподели:

Советот на јавните обвинители денеска едногласно ја одби иницијативата на обвинителката Ленче Ристоска, во која таа тврдеше дека е изложена на политички притисоци и надворешни влијанија поврзани со нејзината работа на предмети.

“По усвојувањето на записникот од 36-тата седница на Советот на јавните обвинители, под точка 2 од дневниот ред Советот го разгледа известувањето за нарушување на самостојноста во извршувањето на функцијата поднесено од страна на јавниот обвинител од ОЈО Скопје, Ленче Ристоска и притоа донесе заклучок дека во конкретниот случај не се утврди нарушување на самостојноста во извршувањето на јавнообвинителската функција”, се наведува во денешното соопштение на Советто на јавните обвинители.

Под точките 3, 4, 5, 6 и 7 од дневниот ред на 37.седница, Советтот донесе одлука за објавување на оглас за избор на јавен обвинител во ОЈО Ресен, за избор на јавен обвинител во ОЈО Крива Паланка, за избор на јавен обвинител во ОЈО Кочани, за избор на јавен обвинител во ВЈО Битола и за избор на Виш јавен обвинител на ВЈО Скопје.

Под точка 8 и 9 од дневниот ред се разгледуваа и се одлучуваше по дисциплинските предмети СОЖ бр. 4/25 и 5/25. Притоа, Советот на јавните обвинители донесе одлука да се уважи жалбата на јавниот обвинител, да се укине решението на Комисијата за утврдување на дисциплинска одговорност на јавен обвинител во вршење на јавнообвинителската функција и предметот да се врати на повторно постапување и одлучување пред дисциплинската комисија, а по напатствијата на Советот. Во однос на оддалечувањето од вршењето на функцијата на јавниот обвинител, Советот одлучи одлуката да се стави вон сила и јавниот обвинител да се врати на работа. Додека во однос на дисциплинските постапки поведени против поранешниот виш јавен обвинител на ВЈО Скопје, се одлучи да се запрат поради престанок на функцијата јавен обвинител.

Под точка разно, се донесе одлука за номинирање на член и заменик член во Дисциплинската комисија при Нотарската Комора на РСМ од редот на јавните обвинители.

Сподели: