СП РАКОМЕТ: Вечерва Македонија против Исланд

Сподели

 

По синоќешниот тежок меч против Шпанија, веќе попладнево, нашите најдобри ракометари ги очекува дуелот против Исланд.

Во рамките од последното 5.коло во групната фаза, црвено-жолтите во директен дуел против Исланд ќе решаваат која селекција ќе го освои третото место во Б групата, а со тоа во осминафиналето ќе го избегне дуелот против домаќинот Франција, репрезентација која важи за главен фаворит за освојување на златото.

Натпреварот Македонија – Исланд ќе започне од 17 часот и 45 минути, а претходно (од 14 часот) во оваа група ќе играат Тунис и Ангола.

Во пресметката за првата позиција, Шпанија и Словенија ќе играат во вечерниот термин од 20 часот и 45 минути.

Натпреварите од 5.коло ќе се играат и во А групата, во која ќе се сретнат: Русија – Бразил (14 часот), Франција – Полска (17:45 часот) и Јапонија – Норвешка (20:45 часот).

Табела – А група: Франција 8 бодови, Норвешка 6, Русија 4, Бразил 4, Полска 2, Јапонија 0.

Табела – Б група: Шпанија 8, Словенија 7, Македонија 4, Исланд 3, Тунис 2, Ангола 0.