Вести Изјави Македонија Ударни вести

Спасовски: Апелирам за достоинствено однесување кон државата и полициските службеници

Сподели:

 

На овие протести имаме 54 повредени полициски службеници, од кои 11 потешко повредени, а 2 со сериозни повреди и сето ова во период од 9 дена протестирање, изјави министерот Оливер Спасовски.
 
 
 
 
Ако правиме споредба со Шарената револуција, која траеше околу два месеца, тогаш имавме вкупно 13 повредени полициски службеници, генерално со полесни повреди.
 
Да расчистиме – не е добро ниту еден полициски службеник да е повреден во ниту еден процес. Затоа е важно организаторите да се однесуваат одговорно, а своите политички цели да ги остваруваат преку демократските политички механизми кои стојат на располагање.
 
Апелирам до секој еден на достоинствено однесување кон државата, кон полициските службеници, бидејќи тие го чуваат редот, мирот и безбедноста на секого од нас.
Сподели: