Спасовски-Гир: Успешно организирање на Министерскиот форум за правда и внатрешни работи

Сподели

 

Денеска, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и државната секретарка Магдалена Несторовска, остварија работна средба со амбасадорот на Делегацијата на Европската Унија во Република Северна Македонија, Н.Е. Дејвид Гир, како и новиот заменик шеф на Делегацијата на ЕУ во земјава, Бен Нупнау.

Министерот Спасовски  во оваа прилика изрази благодарност до амбасадорот Гир за поддршката  и одличната соработка на МВР и  Делегацијата на Европската Унија во голем број заеднички проекти како и за можноста на денешнава средба да поразговараат за повеќе прашања од заеднички интерес.

На средбата  меѓу другото стана збор и за коорганизацијата на МВР на Република Северна Македонија и МВР на Кралството Шпанија на претстојната  Конференција на министри за правда и внатрешни работи ЕУ-Западен Балкан која во периодот 26 и 27 октомври се одржува во Скопје, а министерот Спасовски ја истакна посветеноста кон организирањето на Форумот, по втор пат во нашава земја притоа информирајќи го амбасадорот Гир дека се преземени сите неопходни активности во насока на успешна организација на овој убав настан  од огромно значење за граѓаните и за Република Северна Македонија.

Спасовски и Гир разговараа и за актуелни теми наредниов период  меѓу кои и за  претстојните избори а во насока на заштита од сајбер напади. Притоа, министерот Спасовски истакна дека тоа е предизвик за сите институции, за Државната изборна комисија, а од аспект на МВР во Одделот за спречување компјутерски криминал, постои 24-часовна екипа која работи на заштитата од напади од ваков тип. Тој информираше и за зголемената меѓуинституционална координација, односно за формирано координативно тело на ниво на Владата, како и тоа дека со НАТО скринингот веќе се познати слабите точки.

На крајот од средбата двајцата соговорници заклучија дека отворањето на Форензичката Лабораторија на МВР со средства од ИПА фондовите на ЕУ ќе биде од  огромно значење за државата и регионов , при што министерот Спасовски рече дека веќе е добиена употребната дозвола и објектот се опремува и дека лично тој  очекува во најкраток можен рок да биде и официјално отворен и пуштен во функција.