Спасовски го посети полицаецот повреден во спасувачката потрага по алпинисти на Шара

Сподели

 

Утрово, во комплекс клиниките Мајка Тереза, во Одделот за торакална хирургија, министерот Оливер Спасовски го посети припадникот на Единицата за брзо распоредување, кој се здоби со повреди за време на спасувачката потрага по алпинисти на Шар Планина што се случи минатата недела.
 
Станува збор за еден од поискусните колеги со 24 годишно искуство, старешина, командир на вод, кој доброволно се пријавил во спасувачката потрага да се спаси човечки живот.
 
 
 
 
Огромно признание и почит до колегата, како и до сите кои учествуваа во спасувачката потрага – екипи на МВР од ЕБР и САЕ „Тигар”, СВР Тетово, кои со специјални теренски возила и хеликоптер се упатиле на посоченото место на Шар Планина каде што извршија прифаќање и извлекување на колегата и алпинистите. Благодарност и до Центарот за управување со кризи и ТППЕ Тетово, како и до медицинските лица за укажаната нега, изјави министерот Спасовски.