Вести Македонија Ударни вести

Спасовски и Бабиш во посета на чешките полицајци на јужната границa

Сподели:

 

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и премиерот на Чешката Република Андреј Бабиш денеска го посетија транзитниот центар Винојуг и имаа средба со чешките полициски службеници кои и помагаат на нашата полиција на јужната граница.

 

 

-Сакам да нагласам дека поддршката која Чешката Република ни ја даде за време на миграциската криза, како и справување со последиците од истата е од непроценлива важност. Би сакал во оваа прилика да се заблагодарам за присуството на чешките полициски службеници, кои учествуваат во заедничките активности со нашите полициски службеници за зајакнат надзор и контрола на јужната граница“, рече министерот Спасовски.

 

Од започнување на проектот за зголемена контрола и надзор на јужниот дел на нашата државна граница до 04 август 2019 година бројката ќе достигне 1054 чешки полициски службеници, распределени во 27 контингенти и истата ќе продолжи до крајот на 2019 година, односно до започнување на активностите за поголем надзор на државната граница со ФРОНТЕКС.

 

 

-Професионализмот и искуството кои чешките полициски службеници несебично ги споделуваат со своите македонски колеги, заслужуваат голема почит и за нас се од непроценливо значење.Чешката Република е најголем поддржувач на Република Северна Македонија и направи многу за да и помогне на нашата држава во справувањето со миграциската криза, а во таа насока сакам дополнително да се заблагодарам за доделените донации за справување со последиците од миграциската криза – рече Спасовски.

Владата и Министерството за внатрешни работи на Чешка Република донираа материјално – технички и финансиски средства во висина од околу 4.000.000 евра, распределени во 6 донации, заедно со последната донација во висина од околу милион евра.

Премиерот Бабиш ја потенцираше одличната соработка меѓу двете држави и особено меѓу двете полиции.

 

 

-Би сакал да и се заблагодарам на Република Северна Македонија за тоа што го направи и го прави во спречувањето на нелегалната миграција. Присуството на нашите полициски службеници тука ја покажува нашата солидарност и мило ми е што за нив слушам само добри зборови- рече премиерот Бабиш, потенцирајќи дека Чешка и во иднина ќе ја поддржува Република Северна Македониja.

Сподели: