Вести Изјави Македонија Ударни вести

Спасовски: Инспекциско-полициските патроли ќе ги гони загадувачите

Сподели:

 

Полицијата заедно со инспекторите, најавија дека на терен ќе ги ловат загадувачите – соопшти министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

„Се договоривме сите инспекторати да си ја завршат работата во рамките на своите надлежности и да ги исконтролират сите субјекти кои се потенцијални загадувачи, да ги координираат своите активности да формираат заеднички тимови во кои задолжително ќе има униформиран полицаец, секојдневно и континуирано во сите општини во државата, а целиот процес ќе се координира од канцеларијата на премиерот, каде ќе се поднесуваат секојдневни извештаи“.

“Во рамките на краткорочните мерки на Владата инспекциско-полициските патроли веднаш ќе почнат со контроли на сите субјекти со А и Б интегрирни еколошки дозволи и дека од граѓанските здруженија ќе бидат побарани конкретни предлози за други мерки против аерозагадувањето” – изјави министерот Оливер Спасовски.

Сподели: