Вести Македонија Топ теми Ударни вести

Спасовски: Меѓународна полициска операција “Колибри” (ВИДЕО)

Сподели:

 

Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал, во периодот јули-декември 2019 година, во координација со јавен обвинител од Основно јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција презеде низа мерки и активности за утврдување на активностите на организирана криминална група предводена од двајца македонски државјани. Заради размена на информации и договарање на активности и во рамки на предистражната постапка, Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал оствари низа средби и координирани состаноци во Скопје и Мадрид со полициски службеници од Шпанија и ДЕА.

Министерот Спасовски на прес конференција соопшти дека приведени се две лица од Македонија (актерката Силвија Стојановска и нејзиниот партнер), две лица се уапсени во Шпанија а во рамките на меѓународната акција за шверц со кокаин од Колумбија, се трага и по едно лице од Турција и едно од Грција.

 

МЕЃУНАРОДНА ПОЛИЦИСКА ОПЕРАЦИЈА “ КОЛИБРИ “

Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал во периодот јули-декември 2019 година, во координација со јавен обвинител од Основно јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција презеде низа мерки и активности за утврдување на активностите на организирана криминална група предводена од двајца македонски државјани. Заради размена на информации и договарање на активности и во рамки на предистражната постапка, Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал оствари низа средби и координирани состаноци во Скопје и Мадрид со полициски службеници од Шпанија и ДЕА.Повеќе детали на пресот во 10:15часот мвр зграда 1.

Gepostet von Министерство за внатрешни работи am Dienstag, 24. Dezember 2019

 

Дрогата е запленета во Мадрид на 18 декември годинава.

-Лидер на оваа група е лицето В.Б. кој имал забрана за патување во земјите на ЕУ, го ангажирал неговито брат В.Б. со кој ги договарале чекорите за дистрибуција на кокаинот. Пријавената С.С. по инструкции на својот сопруг В.Б. резервирала хотел во Мадрид и го платила од своја кредитна картичка, па отпатувала преку Софија во Мадрид, за во име на нејзиниот сопруг, еден шпански државјанин да подигне десет илјади евра, најверојатно поврзани со шверцот на кокаинот- рече Спасовски.

 

Меѓународна полициска операција “Колибри”

Gepostet von Oliver Spasovski am Dienstag, 24. Dezember 2019

Сподели: