Спречен обид за шверц на опрема за тетовирање наменета за Кипар

Сподели:

На Меѓународен Аеродром Скопје минатата недела е откриен и обид за криумчарење на 1.463 парчиња пирсинг од титаниум и опрема за тетовирање – 32 парчиња ножици и 70 парчиња игли за тетовирање, кои подлежат на посебни дозволи за увоз од надлежна институција.

Сторителот на прекршокот е државјанин на Шпанија, кој патувал со лет Стокхолм – Скопје, со крајна дестинација Кипар, информираат од Царинската управа.

Непријавената стока е запленета, а против сторителот е поведена прекршочна постапка.

Сподели: