Срам е Дурловски да бара мандат од граѓаните, фокусиран на Хунзите заборави на Македонците

Сподели

 

“Срамно е што Дурловски претендира да ги претставува жителите на својот роден град Битола а притоа да не ја познава основата на својата така наречена програма.

Што точно Дурловски сака да гради? Пат врз постоечкиот пат? Патишта кои ние за само три кратки години ги изградивме и рехабилитиравме? Од што ќе ги градиш Дурловски овие фиктивни патишта? Од провизијата од 200.000 евра за упад во собранието и обид за убиство на пратеници?

Јавноста заслужува одговор на овие прашања! Ти претендираш да ги застапуваш граѓаните во македонското собрание. Или таму си за секој случај?

Дозволи да те потсетиме ние што направивме:

Изградивме и рехабилитиравме 7 патни правци, во должина од 38 км, во вредност од 4,322,601 евра.(Битола –Новици, Обиколница на Битола, Р1101 Кл. Крклино-Влез Битола-Братин Дол, Лозани-Вашерејца, Бистрица – Драгош, Скочивар-Коњарка, Битола-Демир Хисар)

Тампонирање на улици во с.Кишава, уредување на улици и пат до црквата во с.Драгарино, Кикуречани, Раштани, Крклино, Драгарино; Санација и реновирање на улиците во с.Поешево, Логоварди; санирање на полски патишта во с.Габалавци; осветлување и асфалтирање на улиците во Г.Оризари.

Реконструкција на 14 улици во АРМ 1 и АРМ 2 во вредност од 155,000,000 денари. Асфалтирање на улица Широка во вредност од 3,300,000 денари. Асфалтирана улица Леринска во вредност од 2,500,000 денари. Реконструкција на дел од Бул. Први Мај – нов коловоз и водовод и канализација со вкупна вредност од 3,397,444 денари) ,

Имаме и 43 проекти во тек (поплочување на пешачки патеки, сообраќајна сигнализација, тротоари, реконструкција и поправки на улични коловози, мостови и полски патишта во рурални средини).

Ова е затоа што знаеме и можеме. Што можеш ти Дурловски?” – се наведува во соопштението на СДСМ.