Србија против барањето на Косово за прием во Интерпол

Сподели

Српските власти побарале од Интерпол да не го разгледува новото барање на Косово за членство во организацијата. Српскиот вицепремиер и министер за внатрешни работи Небојша Стефановиќ испратил писма до генералниот секретар на Интерпол, Јирген Шток и до претседателот на организацијата Ким Џонг Јан, – пренесе РСЕ.

Меѓународната полициска организација минатата година го одби приемот на Косово. Србија смета дека самото разгледувањето на ова барање ќе претставува грубо кршење на меѓународното право, како и на највисоките акти на Интерпол.

Стефановиќ испратил писма и до сите членови на Извршниот комитет на Организацијата со молба да гласаат против барањето за приемот на Косово.

Косово неодамна повторно упати барање за членство во Интерпол. За одобрувањето на членството потребно е двотретинско мнозинство.