Средба на Џафери со високите ревизорски претставници

Сподели

 

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Талат Џафери, имаше работна средба со главниот државен ревизор на Република Северна Македонија, Максим Ацевски и главниот државен ревизор на Република Хрватска, Иван Клешиќ.

 

 

На средбата, претседателот Џафери, кој што е одлично запознаен со активностите на Државниот завод за ревизија, ја искористи приликата за да ја повтори целосната поддршка на законодавниот дом во насока на понатамошно зајакнување на таа соработка. Покрај тоа, оваа средба беше одлична можност и за разменување на предлози и идеи за подобрување на меѓусебната соработка помеѓу Врховните ревизорски институции на Република Северна Македонија и Република Хрватска, со следење на позитивните практики на земјите членки на Европската Унија. Претседателот информираше дека во наредниот период се очекува и потпишувањето на Меморандумот за соработка помеѓу Собранието и Државниот завод за ревизија на Република Северна Македонија, со што ќе се унапреди уште повеќе и поквалитетно соработката и ќе се воспостават професионално  одржливи и ефикасни односи помеѓу двете институции. Се разбира, тоа ќе придонесе во зајакнувањето на надзорната улога на Собранието и зголемувањето на ефикасноста и транспарентноста во трошењето на јавните финансии.

Високите претставници на двете ревизорски институции срдечно се заблагодарија на можноста за средба и на искрената поддршка што ја дава претседателот Џафери и институцијата на чие чело се наоѓа.