Средба на министерот Никола Димитров со амбасадорот на ЕУ, Жбогар

Сподели

Министерот за надворешни работи, Никола Димитров, денес ја оствари првата средба со амбасадорот на Европската Унија (ЕУ) во Република Македонија, Самуел Жбогар, јавува Anadolu Agency (AA).

Од кабинетот на ресорното министерство соопштија дека министерот Димитров на средбата ја истакна подготвеноста на Владата за целосен ангажман во спроведувањето на клучните реформи со цел на краток рок да се отвори патот за обновување на препораката за почеток на пристапните преговори.

„Во таа насока беа разгледани претстојните поважни активности од европската агенда. Придвижувањето на евроинтеграциските процеси ќе овозможи да се отвори дискусија за донесување одлука за почеток на пристапните преговори, како чекор кон остварување на стратешката цел на Македонија – членство во Европската Унија“, се вели во соопштението на министерството.

Беше искажана заедничка подготвеност за динамична соработка во насока на остварување на овие цели.