БЕСА: Итно да се процесираат монтираните случаи против Албанците, „Монструм“ и „Сопот“

Сподели

Една од главните столбови на една држава е правниот систем, додека Движењето БЕСА постојано го креваше својот глас во врска со неправдите кои се вршат на сметка на Албанците во Македонија. Но, дури и сега, по формирањето на новата влада, за жал има сигнали за двојни стандарди.

Кога го велиме ова, ги имаме во предвид затворениците во две многу чувствителни судски случаи, “Монструм” и “Сопот”, кои исто така се предмет на истрага на Специјалното Јавно Обвинителство, бидејќи овие случаи се спомнуваат и во прислушувањата објавени разговори од страна на сегашниот премиер на Македонија, Зоран Заев. И покрај тоа што јавно се изјавувало и има докази дека Албанците кои се жртви на овие монтирани процеси се неправедно осудени, правдата во нивниот случај задоцнува.

Секој поминат ден е непростливо кривично дело кое државата ја врши врз овие граѓани додека постојат механизми за да се расветли целата вистина. Ова беше и ветување на Зоран Заев кон Албанските гласачи, кој изјави дека една од првите дејства што ќе ги преземе ќе биде и целосното осветлување на овие случаи. Меѓутоа, и покрај овие изјави, сите бевме сведоци дека првото барање на премиерот Зоран Заев кон Специјалното Јавно Обвинителство не беше да се процесираат монтираните случаи “Монструм” и “Сопот”, туку верификација на минатото на министрите од редовите на ДУИ, а дел о нив беа и дел од владините кабинети кои ги монтираа овие политички случаи.

И, додека Специјалното Јавно Обвинителство беше многу ефикасна и им беа доволни само 24 часа за верификација на минатото на министрите на ДУИ, бараме и очекуваме со иста итност да се процесираат и монтираните случаи “Монструм” и “Сопот”, за кои има цврсти докази кои ја потврдуваат невиноста на Албанците кои неправедно се држат во затвор.

Движењето БЕСА бара од владата на Зоран Заев што побрзо да овозможи праведни судски одлуки и еднаш засекогаш да престане функционирањето на правдата со двојни стандарди.

Го повторуваме јавниот став на Движењето БЕСА дека ние инсистираме да се формира систем кој ќе постави современи стандарди во спроведувањето на правдата и кој конечно ќе го откорнува комунистичкиот менталитет на функционирање на поранешната Југославија во однос на Албанците.

https://youtu.be/N2CCh1CqV-E

Скопје, 06.06.2017 Движење БЕСА-Скопје