Средба на претседателот Џафери со Н.Е. Ларсон

Сподели

 

Денес претседателот на Собранието, Талат Џафери, оствари средба со амбасадорката на Кралството Шведска, Н.Е. Ами Ларсон Џеин.

 

 

Претседателот Џафери изрази лично задоволство од средбата. Истакна дека билатералните односи помеѓу двете земји се одлични и се надева дека овие средби ќе придонесат кон понатамошно развивање на истите. Во продолжение, Претседателот Џафери го објасни процесот на интеграцијата на нашата земја во ЕУ искажувајќи надеж дека до наесен оваа година ќе се најде потребниот консензус во Собранието за Северна Македонија да стане дел од  Европската унија.

 

 

Амбасадорката Ларсон Џеин се заблагодари за приемот и изрази подготвеност за понатамошна соработка  и целосна поддршка на нашата земја на патот на евронтегративниот процес. Амбасадорката истакна дека Шведска која актуелно претседава со Советот на ЕУ, дава целосна поддршка на Република Северна Македонија и смета дека токму сега е моментот за земјата да стане полноправна членка на ЕУ.

Во текот на средбата се разговараше и околу скрининг-процесот на Република Северна Македонија во рамките на Европската унија, за континуираната посветеност на реформите и друго. Заедничка беше констатацијата дека на земјава и претстои важниот процес на уставни измени кои се предвидени со Преговарачката рамка, а за кои е потребен консензус на политичките чинители со цел конечно да се овозможи постигнување и на втората стратешка цел на земјата – полноправно членство во Европската Унија, покрај сега веќе успешното пристапување  во НАТО.