Во Драмскиот театар пристигнува „Фрида“, претстава во режија на Тамара Стојаноска, што ја носи приказната за Фрида Кало зад портретите и легендата. Преку нејзиниот нескротлив дух, телото обележано со болка и огромната желба да сака, да создава и да живее, претставата открива жена која од сопствените рани создава уметност, а преку неа му се спротивставува на животот.

Во средиштето на приказната е и нејзината бурна љубов со мексиканскиот сликар Диего Ривера, исполнета со страст, нежност, предавства и постојани враќања.
Драгана Левенска ја толкува Фрида Кало, Сашо Тасевски е Диего Ривера, Марија Бреслиска ја игра Жозефина Бејкер, а Марија Талеска е Кристина Кало.
Претпремиерата ќе се одржи на 18 октомври во 20 часот, а премиерата на 19 октомври, во истиот термин.


