Средба на претседателот Пендаровски со претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел

Сподели

 

Претседателот Стево Пендаровски, утре во „Вила Билјана“ во Охрид ќе го прими претседателот на Европскиот Совет, Шарл Мишел кој ќе престојува во посета на Република Северна Македонија.

Претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел кој е во мини балканска турнеја, ќе биде гостин на вториот Преспа форум за дијалог што ќе се одржи во Охрид од утре, до 18 јуни, во организација на Владата на Северна Македонија.

Форумот ќе го отвори претседателот Стево Пендаровски, а на првата сесија на високо ниво според најавите ќе говорат и претседателите на Слованија Борут Пахор, на Хрватска Зоран Милановиќ, на Косово Вјоса Османи – Кадриу и претседателот на Црна Гора Мило Ѓукановиќ.