Средба Османи – Вилмес во Белгија

Сподели

 

Министерот за надворешни работи на Република Северна Македонија, Бујар Османи,во рамките на работна посета на  Кралството Белгија, оствари средба со својот домаќин, заменик-премиерот и министер за надворешни работи, европски работи и надворешна трговија и федерални културни институции на Кралството Белгија, Софи Вилмес.

На состанокот беше разговарано за европската интеграција на Северна Македонија и перспективите за одржување на Првата Меѓувладина конференција, согласно одлуката на Своето на ЕУ за почеток на преговорите.

 

 

„Секако дека претставува заедничка обврска да го зачуваме европскиот кредибилитетот меѓу земјите од Западниот Балкан, затоа што не само нам, туку и на целиот континент му е потребен стабилен, просперитетен и европски регион. И тука најмногу сметаме на принципиелната поддршка на земјите – членки, сметаме на фер однос, сметаме на системот на заслуги, и сметам дека денес ги реафирмиравме овие принципиелни позиции и со Белгија“, истакна Османи.

На средбата беше разговарано и за билатералните односи меѓу двете земји, за кои беше констатирано дека имаат стабилен и континуиран напредок.

Османи и Вилмес отворија и повеќе актуелни прашања од доменот на меѓународната и регионалната политика, како и темите поврзани со  епидемиолошките состојби во двете земји и напорите за надминување на глобалната здравствена криза предизвикана од КОВИД19.