Средба Пендаровски-Ди Мајо, министер за надворешни работи на Италија

Сподели

 

Претседателот Стево Пендаровски, денеска го прими Луиџи Ди Мајо, министер за надворешни работи на Република Италија.

 

 

 

На средбата се констатираше дека двете држави имаат традиционално пријателски односи, со висок степен на разбирање и доверба, како и одличен политички дијалог.

Претседателот Пендаровски се заблагодари за досегашната јасна и безрезервна поддршка, којашто во континуитет и ја дава Италија на Северна Македонија, во однос на нашите евроатлантски интеграции и се заблагодари за ратификувањето на Протоколот за членство на земјата во НАТО во италијанскиот парламент.

 

 

 

Претседателот Пендаровски истакна дека новата методологија за преговарање е прифатлива за Северна Македонија, со цел да имаме ефективен процес на пристапување, со мерливи резултати и конкретни придобивки за граѓаните.

Претседателот подвлече дека за нашата земја е клучно што поскоро државите членки на ЕУ да се усогласат за методологијата и Северна Македонија да добие датум за почеток на преговорите за време на хрватското претседателство со Европската Унија.

Двајцата соговорници на средбата разговараа и за економската соработка и инвестициите, како и за можностите истите во иднина да се интензивираат.