Размена на книги и облека: „Непотребното за тебе е богатство за друг!“

Сподели

 

Коприва Колектив ве поканува на размена под мотото „Непотребното за тебе е богатство за друг!“

Акцијата ќе се одржи во Социјалниот Центар Дуња, на 18 февруари, од 18 до 21 часот.

Правилата за учество се следни:

РАЗМЕНА НА КНИГИ
1. Ги чистиш полиците од непотребни книги со 100 кила прашина.
2. Одвојуваш еден куп и го носиш на размена
3. За секоја 1 донесена книга добиваш 1 купон.
4. Размената започнува.
5. За секој 1 купон можеш да земеш 1 книга.
Попатно, уживаш во друштвото на читатели страсници!

РАЗМЕНА НА ОБЛЕКА
– Облеката е еден од најголемите загадувачи – да и дадеме втора шанса! Нема ограничувања во однос на земање и оставање. Донесете и разменете облека, марами, накит… можеби ќе најдете и подарок 🙂

Неразменетите книги ги донираме во разни библиотеки по потреба. Вишокот облека го донираме на социјално загрозени семејства.