Средба помеѓу Тасевски и претседателот на ИНТЕРПОЛ, генерал мајор Ахмед Насер Ел-Рајси

Сподели

 

Денеска во рамки на 50. Европска Регионална Конференција на ИНТЕРПОЛ која се одржува во Охрид, директорот на Бирото за јавна безбедност, м-р Сашо Тасевски оствари билатерална средба со претседателот на ИНТЕРПОЛ, генерал мајор Ахмед Насер Ел-Рајси.

 

 

На средбата беше изразена благодарноста од претседателот на ИНТЕРПОЛ за пружената можност да се одржи Конференцијата во РС Македонија, а од страна на Директорот Тасевски беше возвратена благодарноста, при што беше истакнато од негова страна дека можноста да се биде домаќин на Конференцијата претставува голема чест за нашата држава.

Заеднички беше истакнато дека соработката со ИНТЕРПОЛ е на многу високо ниво, а воедно беше изразена волјата истата да се продлабочи и во иднина, особено кога се зсме предвид фактот дека транснационалниот криминал не познава граници. Со цел да се застане на патот на транснационалниот криминал, двајцата соговорници се согласија дека веќе воспоставеното пријателство е во насока на зајакнување на соработката против овој тип на криминал.

Од страна на претседателот на ИНТЕРПОЛ, Ел-Рајси, беше нагласено дека Република Северна Македонија е пример во регионот и дава добра слика за раководњето на полицијата во земјата. Воедно, тој ја истакна благодарноста што Министерството за внатрешни работи на Република Северна Македонија се залага за ИНТЕРПОЛ, како и за преземањето на одговорноста за организирање на беспрекорен настан.

Првиот човек на ИНТЕРПОЛ и првиот човек на македонската полиција се согласија дека беспрекорно организираната Конференција ќе остане вреден спомен за сите, при што претседателот Ел-Рајси порача дека за се што ги засега македонските власти ќе ја добијат помошта и поддршката, како подр закрила на ИНТЕРПОЛ, така и под закрила на Обединетите Арапски Емирати.

Од страна на првиот човек на македонската полиција, директорот Тасевски, беше пренесена целосната поддршка од граѓаните и од Владата на земјава при кандидатурата на Република Северна Македонија за домаќин на оваа конференција, што оди во насока на зајакнување на веќе воспоставеното партнерство.