Средба Заев-Хајндл: Нема време за губење

Сподели

Zaev-Hajndl-860x680

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев придружуван од заменик претседателката Радмила Шекеринска и генералниот секретар Оливер Спасовски денеска се сретна со германскиот специјален пратеник за Македонија, Јоханес Хајндл, придружуван од амбасадорката на Германија во Македонија, Кристине Алтхаузер.

„Заеднички е ставот дека нема време за губење и дека е неопходно брзо решение за политичката криза, а тоа е прецизирање конкретни чекори за исполнување на двата клучни услова за брзи фер и демократски избори во Македонија и организација и спроведување слободни избори според Договорот од Пржино. И за избирачкиот список и за медиумите можен е договор во следните денови, ако за тоа постои политичка волја, бидејки на маса се конкретни технички чекори што треба да се направат, а коишто може да не зависат од политичките партии, рече претседателот Заев“, стои во соопштението од СДСМ.

На средбата, се вели во соопштението, е констатитирано дека Република Македонија почна да ги чувствува првите консеквенци од пролонгирањето на политичката криза и дека сите страни мора да ја покажат потребната иницијативност за отворените прашања, а со тоа и волја за регуларни предвремени парламентарни избори.