Најавени се масовни протести во Атина и Преспа за договорот со Македонија

Сподели

Од петок во 10 часот ја започнуваме нашата битка за Македонија, велат организаторите на протестите во Атина и Преспа, преку социјалните мрежи и ги повикуваат граѓаните на централен собир пред грчкиот Парламент вечер во 20 часот.

„Комитетот за борба за грчкиот карактер на Македонија“ под слоганот „Македонија значи Грција“ организира протести во следните три дена за постигнатиот договор меѓу двете земји.

Мала група граѓани уште од рано утрово се собраа пред грчкиот Парламент, додека е во тек расправата за гласање недоверба на владата, јави дописничката на МИА од Атина.

Протестот во Атина првично беше закажан за 10 часот утрово, бидејќи беше најавено дека денес, грчкиот премиер ќе го извести Парламентот за договорот со Македонија, но по доставената иницијатива од Нова демократија за гласање недоверба на владата и тридневната расправа, планот се смени, организаторите на протестите преку социјалните мрежи најавуваат дека собирите започнуваат утрово и ќе траат додека трае седницата, а ќе кулминираат со протест во Преспа на денот кога ќе се потпише договорот, веројатно во недела.

Во исто време во северна Грција започнуваат да се организираат за Преспа, веќе се планирани автобуси да заминуваат од градовите од северниот дел на земјата, за граѓаните да учествуваат во протестот.