Средба Заев – Ципрас на 17. мај во Софија

Сподели

Грчкиот информативен портал „Њуз247 објави дека  на 17. мај во Софија се планира, да се одржи тет-а-тет средба меѓу Заев и Ципрас, на маргините на Самитот ЕУ -Западен Балкан.

На средбата меѓу двајцата премиери се очекува да се побара постигнување конечен договор во прашањето за решавање на „македонскиот проблем“.

Дипломатски извори за „Њуз247“ потенцираат дека и покрај тешкотиите што постојат, постигнат е важен напредок и договор во поголемиот дел од темите во преговорите, и покрај тоа што останува главната разлика за употребата на името ерга омнес, пишува порталот и додава дека Заев и Ципрас имаат „отворена телефонска линија, иако разговорите и контактите не се објавуваат.

Новинарот на порталот коментира дека 11 и 12 мај се особено важни за развојот на настаните, со оглед на тоа дека во петок, во рамки на конференцијата во Сунио, веројатно Димитров и Коѕијас ќе остварат нова билатерална средба, додека пак за сабота е закажан состанок со медијаторот Нимиц, јавува дописничката на МИА од Атина,

„Нимиц, се чини, е решен поодлучно да притисне за постигнување решение“, пишува порталот.