ССКМ: Поддршка за МАКАМ-ТРАНС и македонскиот транспортен сектор

Сподели:

Сојузот на стопански комори на Македонија во која членуваат голем број на мали и средни компании, директно поврзани со ланецот на транспорт и стоки кој се одвива во земјата и надвор од неа, сериозно е загрижен за можните нарушувања кои ќе доведат до неконкурентна положба на македонскиот бизнис сектор.

Стравуваме дека со продлабочување и пролонгирање на создадените проблеми во транспортниот сектор ( камионскиот транспорт) и зависноста на македонските компании и странски инвестиции од 96% ,се создава можност за дополнителни фискални инпликации и намалување на нивната конкурентност на Европскиот пазар на среден и долг рок, се наведува во соопштението на Сојузот на стопански комори на Македонија.

Сподели: