Вести Македонија Топ теми Ударни вести

Владата подготвува „Регистар на население“

Сподели:

Владата на денешната седница ја усвои Информација за статусот на спроведување на проектот „Регистар на население“. Во Македонија ќе се изработува „Регистар на население“ од кој што се очекува во иднина дури и да го замени пописот, како што е случајот со неколку европски земји.

На денешната седница владата го задолжи Министерство за информатичко општество и администрација да спроведе активности за изработка на решение за Централен електронски регистар на население до јули 2018 година кој ќе ги содржи следните полиња за населението во Република Македонија: Име, Презиме, Јазик, ЕМБГ, Пол, Датум на раѓање, Место на раѓање (Држава, Општина, Населено место), Лични документи (листа на документи со податоци за Број, Вид, Датум на издавање, Датум на важност, Статус, Место на издавање), Мајка (ЕМБГ), Татко (ЕМБГ), Адреса на живеалиште (Општина, Населено место, Улица, Број (Број, Влез, Стан)), Адреса на привремен престој (Општина, Населено место, Улица, Број (Број, Влез, Стан)), Државјанство (Држава, Статус, Датум на почеток, Датум на престанок), Брачен статус, Датум на брачен статус, Сопруг/а (ЕМБГ), Националност, Смрт, Датум на смрт, Место на смрт (Држава, Општина, Населено место).

Владата ги задолжи Министерството за внатрешни работи, Министерството за правда – Управа за водење на матичните книги, Државниот завод за статистика, Министерството за труд и социјална политика, и им укажа на Дирекцијата за заштита на личните податоци и на Дирекцијата за безбедност на класифицирани информации, најдоцна во рок од 7 дена од денот на усвојување на информацијата да номинираат член и заменик член во работна група за изготвување на нацрт-закон за Закон за централен електронски регистар на население и нацрт-закон за Закон за електронски услуги.

За реализација на овој проект владата го задолжи Министерството за информатичко општество и администрација и Министерството за внатрешни работи до 5.10.2017 да усогласат акциски план за спроведување на проектот „Регистар на население“.

Сподели: