ССНМ: ДА СЕ ПРЕСТАНЕ СО ЗАМОЛЧУВАЊЕТО НА НОВИНАРИТЕ ВО ИЗНЕСУВАЊЕТО НА ЛИЧНИТЕ СТАВОВИ

Сподели

ssnm_04_03b-860x680

Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници остро протестира против Компанијата што ги издава и печати „Утрински весник“, „Дневник“ и „Вест“, како и други дневни и неделни изданија, бидејќи ги уценува, понижува и дискриминира новинарите, со договори за работа во кој им забранува изнесување лични ставови во комуникација на социјални мрежи.

„Ставот од договор во кој на новинарите, божем им се сугерира, а де факто им се забранува да изразуваат политички ставови, во ситуација на штотуку завршен круг на отпуштања и намалени плати, не може да биде разбран поинаку, освен како уште еден начин за замолчување на новинарите, ограничување на слободата на говор и нарушување на основните права и слободи на човекот.

Од ССНМ велат дека точно е дека многу светски медиуми имаат упатства за новинарите и вработените за нивното учество на социјалните медиуми, но станува збор за упатства, а не клаузули на договор за вработување.

„Компанијата од страна на ССНМ беше предупредена дека со тоа се крши член 6 од Законот за работни односи кој забранува дискриминација, се кршат неколку членови од Законот за заштита и спречување на дискриминацијата, но се кршат и уставните права и слободи загарантирани во членовите 8, 9, 16 и 17.Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници за ова ќе ја извести и меѓународната јавност, а кон компанијата МПМ ќе ги преземеме сите мерки што ни стојат на располагање за да ги поништиме ваквите уценувачки, дискриминаторски и понижувачки договори за работа за новинарите“.