СТАВРИДИС: Македонија е следна држава која ќе влезе во НАТО

Сподели

Македонија е следна држава која треба да се приклучи кон НАТО, изјави поранешниот командант на Северноатлантската алијанса Џејмс Ставридис за „Гласот на Америка“.

– Се надевам дека Грција ќе биде во можност да работи со Македонија во решавање на спорот со името, со што ќе се отвори врата за Македонија да влезе во НАТО. Мислам дека Македонија е следна држава која ќе се приклучи кон Алијансата, изјави генерал Ставридис, додавајќи дека следните чекори би виделе кон обединување и зацврстување на Балканот.

Тој потсети дека и американскиот потпретседател Мајк Пенс, кон почетокот на месецов во телефонски разговорот со премиерот Зоран Заев, ја истакнал поддршката на САД за членство на Македонија во НАТО.
„Пенс истакна дека САД и натаму ја поддржуваат евроатлантската аспирација кон Македонија, и го охрабри Заев да им даде приоритет на реформите, кои ќе го забрзаат нејзиниот пат во тој правец“, соопшти Белата куќа по телефонскиот разговор.