Вести Македонија Ударни вести

Стефанова останува обвинител на „Титаник“, „Траекторија“ и „Маџар Телеком“

Сподели:

 

Oбвинителката Лиле Стефанова и понатаму останува надлежна за предметите што го водеше СЈО, „Титаник“, „Траекторија“ и „Маџар Телеком“, со овластување на државниот јавен обвинител Љубомир Јовески.

Стефанова заедно со уште петмина поранешни обвинители во СЈО добија овластување да ги застапуваат предметите што и досега ги водеа.

Фатиме Фетаи и Гаврил Бубевски продолжија да го застапуваат „Монструм“, а Ленче Ристоска предметот „Талир 2“.

Стевчо Донев и Елизабета Јосифовска, пак, ќе ги застапуваат предметите „Триста“ и „Тотал“.

Сподели: