ВМРО-ДПМНЕ: Кој го замолчи Боки 13? Кој се плаши од исказот на Боки 13?

Сподели

 

Непрофесионалниот однос кон истрагата на Русковска обвинителството доведе до развлекување и хаос на целата истрага за случајот Рекет, реагираат денеска од опозициската ВМРО-ДПМНЕ. Партискиот портпарол, Димитар Арсовски, поставува прашање дали Боки 13, којшто денеска иако повикан во обвинителството не даде исказ пред обвинителката Русковска, е замолчен со цел да се прикријат вистинските нарачатели во случајот „Рекет“.

„Поминаа 5 месеци и дури сега беше повикан на распит првоосомничениот во случајот РЕКЕТ, Бојан Јовановски Боки 13. Откако јавноста беше запознаена дека Боки 13 секој втор ден беше носен на клиника на прегледи каде што јавноста отворено се сомневаше дека таму има средби со одредени луѓе од истрагата инволвирани во случајот, затоа главното прашање кое што денеска сакаме да го поставиме е следното: Кој го замолчи денеска Бојан Јовановски алијас Боки 13 да не даде исказ во истрагата?

Кој од врвот на власта се плаши од исказот на Боки 13 да ја каже вистината?

Со што е уценуван Боки 13 да замолчи и да не го даде својот исказ денес?

 

https://www.facebook.com/vmromakedonija/videos/2353567658307090/

 

После сето ова се гледа Русковска свесно ја води истрагата под палка на Зоран Заев. Боки 13 денеска беше свесно замолчен за да ги прикрие вистинските нарачателите на милионскиот рекет кој е можеби најголем скандал во историјата на Република Македонија“, рече Арсовски.