Стоп за петардите, вдоми куче и прослави ги празниците на поинаков начин

Сподели

 

“По многубројните пријави од граѓани за уплашени и истрауматизирани бездомни кучиња, но и на избегани домашни миленици во последните неколку денови како последица од употребата на петарди и пиротехнички средства во овие празнични денови, продолжуваме и понатаму со кампањата против нивна употреба”, соопштуваат од ЈП Лајка.

“Им благодариме на сите граѓани кои не поддржуваат во оваа наша иницијатива сакајќи им добро не само на своите миленици, туку и на бездомните кучиња во градот.

ЈП ЛАЈКА апелира да се избегнува употребата на петарди во текот на претстојните Божиќни празници како би го заштитиле безбедноста на сите граѓани, но и на бездомните кучиња.

Да бидеме совесни и одговорни граѓани за побезбедна и почиста средина за секого”.