СЦ „Борис Трајковски“ се подготвува за старт на вакцинацијата

Сподели

 

Во СЦ „Борис Трајковски“ денеска ќе се изведува симулација за вакцинација против Ковид 19.

Предвидено е, вакцинацијата со 20.000 руски вакцини „Спутник“ што ги донира Србија, да почне во понеделник во спортскиот центар „Борис Трајковски“ на 48 пункта.

Вакцинацијата ќе се одвива од 08:00 до 20:00 часот.

Се планира, дневно да се вакцинираат околу 5 илјади лица од МВР, АРМ, медиумски работници, судовите, возачите на автобуси, пожарникарите воспитувачки во градинките и вработените на патарините.

На симулацијата присуствува министерот за здравство Венко Филипче.