Студентски митинг – „Не биди медиумска мета“

Сподели

 

„Не биди медиумска мета“ e студентски митинг закажан за денеска во 11 часот, на платотото на УКИМ.

Митингот на студентите има цел да испрати порака до релевантните инстанции во државата, забрзано да се имплементира концептот медиумската и дигиталната писменост во конвенционалното образование.

Тие ќе испратат пораки против пропагандата, агресивното потрошувачко општество, отуѓувањето, рекламното тероризирање, жртвите на видеоигрите, лажните вести, агресивниот маркетинг, медиумскиот хаос во Република Македонија.