Судење на Хашим Тачи во Хаг ( Во живо)

Сподели

 

Утрово, пред Специјалниот суд во Хаг почна судењето на поранешните водачи на ОВК Хашим Тачи, Кадрије Весели, Реџеп Селими и Јакуп Красниќи.

 

 

Тачи, Весели, Селими и Красниќи се обвинети за воени злосторства и злосторства против човештвото извршени во 42 незаконски притворања на поранешната ОВК во Косово и Албанија на најмалку 407 притвореници, од кои најмалку 98 се убиени.

Тие се обвинети за неправедно лишување од слобода, мачење и убивање на луѓе, а за овие злосторства им се заканува доживотен затвор.

Во обвинението се наведува дека делата за кои се товарат се извршени во периодот од март 1998 година до септември 1999 година најдоцна, на повеќе места во Косово, како и во Кукеш и Чахан, во северна Албанија.