Вести Македонија Топ теми Ударни вести

Судењето за пожарот во модуларната болница во Тетово закажано за 6 септември

Сподели:

 

Основниот суд Тетово во календарот на судења ја постави информацијата дека судењето за предметот К бр 450/22, односно за модуларната болница е закажано за 6 септември 2022 година, во 10 часот, кај судијата Јордан Велковски. Судењето е закажано откако на 16 август предметот за модуларната болница согласно Информациски систем за автоматско управување со судски предмети (АКМИС) беше распределен кај судија.

По разгледување на обвинителниот предлог судијата сега го започнува судењето.

Со предметот поврзан со модуларната болница во Тетово по поднесен обвинителен предлог од страна на ОЈО Тетово со бр. КО 531/22 со кој се обвинети Ф.Б, и А.Е за кривично дело тешки дела против општата сигурност и Б.В. за кривично дело непостапување според здравствени прописи за време на епидемија додека правно лице ЈЗУ Клиничка Болница Тетово за кривични дела предизвикување на општа опасност и непостапување според здравствени прописи за време на епидемија е распределен кај судија од Кривичниот оддел со предмет К бр. 450/22, соопштија од Судот на 16 август.

Пожарот во модуларната болница се случи на 8 септември 2021 кога 14 лица ги загубија животите. По повеќемесечна истрага Основното јавно обвинителство Тетово на 27 јули 2022 до надлежниот суд поднесе Обвинителен предлог против три физички и едно правно лице.

Сподели: