Вести Македонија Ударни вести

Судскиот совет денеска избира нов претседател на Основен суд – Скопје 1

Сподели:

Судскиот совет на денешната седница ќе ја разгледа оставката на в.д. претседателот на Основниот суд – Скопје 1, Стојанче Рибарев, и ќе избира нов претседател на судот.

Советот ќе ја усвои конечната ранг-листа на кандидати за наследник на Рибарев, кој во октомври, шест месеци по неговото назначување, си поднесе оставка од лични причини.

Претенденти за оваа функција се Весна Димишкова, Иван Џолев, Оља Ристова, Ивица Стефановски, Верка Петковска, Осман Шабани, Ѓоко Ристов и поранешниот претседателот, Владимир Панчевски.

Советот денеска, исто така, ќе ги разгледа оценувањето на извештаите за работата на судовите за третото тримесечје од годинава.

Сподели: