„Супорт Кочани“: Собравме и поделивме близу 11 милиони денари на 137 лица

Сподели:

„Супорт Кочани“ ја објави втората распределба на хуманитарните средства собрани по трагедијата во дискотеката „Пулс“.

Од вкупно 10.944.793 денари на заедничката сметка, еден милион денари се издвоени за обврските кон државата, додека преостанатата сума рамномерно е поделена на 137 лица, по 71.900 денари.

„Транспарентно ја информираме јавноста за распределбата на донациите што стигнаа од компании, здруженија, групни акции и хуманитарни настани во земјата и во дијаспората,“ соопшти иницијативата преку својата фејсбук-страница.

Средствата се наменети за семејствата и повредените во пожарот во дискотеката „Пулс“, што на 16 март однесе 63 животи и повреди повеќе од 200 лица.

Сподели: