Вести Ударни вести

СЗО и ЕМА ја завршуваат контролата на “Спутник V”

Сподели:

 

Светската здравствена организација и европскaта Агенција за лекови, ја завршуваат контролата на руската вакцина против корона вирусот “Спутник V” и ќе се произнесат до крајот на неделава, објави руската државна агенција ТАСС.

 -Во моментов, нашите експерти се во Русија и нивната мисија ќе биде завршена до 4 јуни“, изјави регионалниот директор на СЗО за Европа, Ханс Клуге, за ТАСС. „Тогаш ќе се подготви извештај со препораки што ќе бидат земени предвид“, додаде Клуге.

Експертот за јавно здравје истакна дека „дефинитивно постојат основи за оптимизам“ во врска со одобрувањето на Спутник В. „И Европската агенција за лекови и СЗО ја испитуваат вакцината, што само по себе е добар знак“, рече Клуге.

Русија ја регистрираше вакцината со две дози во август 2020 година, пред почетокот на големи клинички испитувања, а водечкото медицинско списание „Лансет“ изјави дека е безбедна и е над 90% ефикасна.

 

Сподели: